Европската ракометна федерација го информираше РК Еурофарм Пелистер за измена на термините за одигрување на натпреварите против Татабања во групата Д на Лига Европа.
Имено, двата клуба се договорија двата натпревари да се играат во Битола, но наместо на 9 и 10 февруари, ќе се играат на 10 и 11 февруари.
10 февруари: Еурофарм Пелистер – Татабања
11 февруари: Татабања – Еурофарм Пелистер
Претходно на шести февруари Еурофарм Пелистер игра со ППД Загреб во рамките од СЕХА Гаспром лигата.