Ракометарите на Еурофарм Пелистер се вратија од Заграб, каде минаа шест дена и одиграа три контролни натпревари. Тренерот Жељко Бабиќ очекува полека да го комплетира ростерот со враќањето на повредените ракометари и учесниците на Светското првенство во Египет.
Бојан Маџовски со терапија го лекува скршениот прст на пријателскиот натпревар против Чиле пред Светското првенство. Негово враќање се очекува кон средината на следниот месец.
Мартин Велковски и Марио Танкоски денес ќе подлегнат на магнетна резонанца, откако со болки се вратија од Мундијалот во Египет. Од резултатот на снимката ќе се знае нивното враќање во тимот.
Томислав Кушан работи индивидуално со помошниот тренер Божидар Мојсов во Битола и се очекува деновиве да се приклучи кон тренинзите со екипата.