Во третиот натпревар од подготвителниот период во Хрватска, Еурофарм Пелистер го совлада лидерот во регуларниот тек на хрватскиот шампионат, Горица од Велика Горица со 24-27 (10-16). Битолчани водеа во текот на целиот натпревар, а посебно се истакна одличното крило Ѓукиќ со осум гола, сите во првото полувреме.
Жељко Бабиќ целосно ротираше во споредба со тимот кој пред два дена играше против ППД Загреб, па својата шанса ја искористи и Кукуловски, автор на пет погодоци.
Пријателски натпревар:
Горица – Еурофарм Пелистер 24-27(10-16)
Спортска сала во Велика Горица
Горица:
Сладољев (20 одбрани), Јозеповиќ, Чеповиќ 2, Горичанец 2, Негран, Шалиќ 2, Чакариќ 3, Врбиќ, Пуриќ, Гризељ 1, Бура 10, Баришиќ, Свржак 2, Томашиќ, Новак 1, Гал 1
Седмерци: 2 минути
Исклучувања: 2/0
Еурофарм Пелистер:
Чаневски (7 одбрани), Трајковски (3 одбрани), Мараш 2, Ојлески 2, Кукуловски 5, Атанасијевиќ 1, Мандалиниќ, Стјепановиќ 1, Радовиќ 3, Периќ 2, Вегар, Кукоски, Граџан 3, Ѓукиќ 8
Седмерци: 4 минути
Исклучувања: 3/1
Вечерва пелистерци се враќаат во Битола, а од утре продолжуваат со тренинзи, во очекување на враќање и на репрезентативците на Македонија кои настапија на Светското првенство во Египет.