Еурофарм Пелистер претрпе пораз од 26-23 на гостувањето против ППД Загреб, како дел од подготовките за вториот дел од сезоната. По ремито на првата контрола со Целје, избраниците на Жељко Бабиќ попладнево капитулираа пред актуелниот првак на Хрватска, во натпревар во кој и кај двата тима недостигаа играчи кои се дел од СП во Египет.
Пријателски натпревар:
ППД Загреб – Еурофарм Пелистер 26-23 (16-14)
Спортска сала „Трешњевка“ - Загреб
ППД Загреб:
Ашанин (8 одбрани), Турчиќ, Обрановиќ, Вуглач, Стојниќ, Равниќ 9, Кларица 3, Граховац 1, Краљевиќ, Чавар, Лаљек 4, Жаја, Новак 1, Сиротиќ, Вистороп 4, Буриќ 4
Седмерци: 2/0
Исклучувања: 2 минути
Пелистер:
Чаневски (5 одбрани), Трајковски (4 одбрани), Ојлески 3, Кукоски 2, Мандалиниќ 4, Периќ, Граџан 3, Радовиќ, Ѓукиќ 6, Стјепановиќ 1, Вегар, Мараш 1, Кукуловски 3, Атанасиевиќ
Седмерци: 2/0
Исклучувања: 10 минути
В понеделник од 18:00 часот Еурофарм Пелистер гостува во Велика Горица против истоимената екипа во третиот контролен натпревар.