Попладнево во Словенија, ракометарите на Еурофарм Пелистер го одиграа првиот од трите контролни натпревари во хрватско-словенечката турнеа. Екипата на Жељко Бабиќ одигра 26-26 (9-12) против првакот на Словенија и поранешен европски шампион, Целје Пивоварна Лашко во „Златорог Арена“.
Со голот на Матео Мараш на неколку секунди до крајот битолчани избегнаа пораз. Двете екипи настапија без репрезентативците кои се дел од Светското првенство. Во тимот на Еурофарм Пелистер не играа и повредените Маџовски и Кушан.
Целје Пивоварна Лашко – Еурофарм Пелистер 26-26 (9-12)
Спортска сала: „Златорог Арена“ - Целје
Целје Пивоварна Лашко:
Штрасер (1 одбрана), Габершек (7 одбрани), Цветко 2, Разгор 4, Цокан 2, Качичник 1, Грошељ 2, Потеко 1, Чепиќ 2, Јанц 2, Хоржен 5, Кнез, Млакар 2, Лебан, Начиновиќ 3
Седмерци: 4/2
Исклучувања: -
Еурофарм Пелистер:
Чаневски (12 одбрани), Трајковски (2 одбрани), Мараш 2, Ојлески 3, Кукуловски 1, Атанасиевиќ, Мандалиниќ 7, Стјепановиќ 2, Радовиќ 1, Периќ 3, Вегар, Кукоски, Граџан 5, Ѓукиќ 2
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 2 минути
Вториот контролен натпревар Еурофарм Пелистер го игра в сабота против ППД Загреб.