Вечерва експедицијата на Еурофарм Пелистер заминува во Хрватска, каде ќе ги мине следните седум дена од припремиот период. Предвидени се три контролни натпревари со респектабилни ривакли, два учесници во групната фаза на Лигата на шампионите.
Подготвителна фаза на Еурофарм Пелистер во Хрватска
База: Спортска сала „Tрешњевка - Кутије шибица“ - Загреб
Пријателски натпревари:
Целје Пивоварна Лашко – Еурофарм Пелистер (21.01.2021 – 13:30)
ППД Загреб – Еурофарм Пелистер (23-01.2021 – 17:30)
Велика Горица – Еурофарм Пелистер (25-01.2021 – 18:00)
Тренинзи: Спортска сала „Tрешњевка - Кутије шибица“ - Загреб
20.01.2021 - 19:00
22.01.2021 - 19:00
24.01.2021 - 15:30
Повикани ракометари:
Градимир Чаневски (капитен)
Благојче Трајковски
Гоце Ојлески
Стипе Мандалиниќ
Марин Вегар
Дејан Кукулоски
Јосип Периќ
Матео Мараш
Невен Стјепановиќ
Мирко Радовиќ
Милан Ѓукиќ
Милорад Кукоски
Елмир Граџан
Павле Атанасијевиќ (отстапен од Еурофарм Пелистер 2)
Отсутни:
Бојан Маџовски, Томислав Кушан (повреда)
Хемдеви, Танкоски, Велковски, Маркоски, Костески (учесници на Светско првенство)
Помошникот тренер Божидар Мојсов ќе остане во Битола да работи со повредените ракометари.
На утринските тестови на ковид-19 во Битола, сите членови на тимот, стручниот и медицинскиот штаб и администрацијата на клубот се негативни.