Сите шест ракометари на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 ќе играат во главната групна фаза на Светското првенство во ракомет во Египет. Карим Хендеви со Египет и Цветан Кузманоски, Марио Танкоски, Мартин Велковски, Никола Маркоски и Ненад Костески обезбедија пласман меѓу 24-те најдобри по натпреварите во Г групата.
Г група:
Египет – Чиле 35-29
(Хендави 2 одбрани)
Шведска – Македонија 32-20
(Костески 2, Танкоски 2, Кузманоски 1, Маркоски 1, Велковски 1)
Египет – Македонија 32-20
(Хендави 8 одбрани)
(Маркоски 3, Велкоски 2, Костески 2, Танкоски 2, Кузманоски)
Македонија – Чиле 32-29
(Костески 5, Маркоски 1, Танкоски, Велковски, Кузманоски)
Шведска – Египет 24-23
(Хендави 10 одбрани)
Главна групна фаза:
4 група:
1. Шведска 4
2. Русија 4
3. Египет 2
4. Словенија 2
5. Белорусија 1
6. Македонија 0
Натпреварите од главната групна фаза продолжуваат во среда.