b_640_480_16777215_00_images_vesti_2021_01_Александар_Јовиќ.jpg

Нешто повеќе од две недели од последниот официјален натпревар во групата Б на Суперлигата и победата во Прилеп за заверка на плеј-офот, Еурофарм Пелистер 2 повторно е во тренажен процес. Со работен состанок и прв тренинг, предводникот Александар Јовиќ и неговиот стручен тим ја отворија ракометната 2021 година за најмладиот тим во разигрувањето.

„Нашата цел беше пласман во плеј-офот, иако бевме дел од Б групата, која беше далеку поквалитетна. Одигравме многу неизвесни натпревари, одевме по потешкиот пат и заслужено го обезбедивме плеј-офот.

Во овие играчи има уште квалитет. Во првиот дел не успеавме да го извадиме максимумот од него. Заедно со мојот тренерски тим ќе се погрижиме да го извадиме најдоброто од секого и тоа да го вклопиме во тимска целина, бидејќи само добар тим носи резултат“.

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 секојдневно ќе тренира по една или две тренинг сесии во спортската сала „Јован Калаузи“ во Битола, а предвидени се 7-8 контролни натпревари до почетокот на официјалните натпревари во шампионатот и Купот.

sponzori 2023 2024 noemvri

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723