Еурофарм Пелистер се пофали дека Стипе Мандалиниќ останува верен на клубот со 2021/22 година. Клубот заврши голема работа со овој потпис, а спортскиот директор на клубот, Димитар Митревски откри што значи продолжување на соработката со поранешниот лев бек на Фуксе Берлин.
„Во Стипе Мандалиниќ го добивме точно тоа што ни беше потребно – лидер на теренот и надвор од него. Продолжувањето на договорот е од големо значење за нас како клуб и тоа првиот чекор кон градење на уште подобар тим за следната сезона. Задоволни сме што и Стипе се чувствува добро во Битола и верува во нашиот проект кој е на повисоко ниво секоја година“, изјави спортскиот директор на Еурофарм Пелистер, Стипе Мандалиниќ.
28-годишниот Мандалиниќ треба да се приклучи на тренинзите со битолскиот клуб на осми јануари 2021 година, во спортската сала „Јован Калаузи“ во Битола.