Со победата над Прилеп на гостински терен. екипата на Еурофарм Пелистер 2 ги заврши активностите за 2020 година. Со заеднички ручек клубот им ги честита празниците на своите ракометари и им посака успеси и во новата година.
Тренерот Александар Јовиќ ги „распушти“ своите ракометаи, а подготовките за предизвиците во разигрувањето за титулата ќе ги започне на 11 јануари. На првиот собир се очекува да присуствуваат сите ракометари, освен младото лево крило Цветан Кузманоски, кое денес доби дебитантски повик за настап за македонската ракометна репрезентација.
Деновиве ќе биде дефиниран планот на подготовки до крајот на февруари кога треба да продолжи шампионатот на Македонија во ракомет.
Утре ќе биде познат календарот за плеј-офот на Суперлигата, а со самиот пласман во разигрувањето, најмладиот суперлигаш во групата Б ќе одигра 14 натпревари и тоа ќе биде од голем значај за младите ракометари на Алексндар Јовиќ.