Селекторот на машката сениорска репрезентација,Данило Брестовац го објавуви списокот на повикани ракометари за собир на машката сениорска ракометна репрезентација за прeстојната ЕХФ недела. На списокот се наоѓаат ракометарите на Еурофарм Пелистер, Костески, Маџовски и Танкоски и ракометарот на Еурофарм Пелистер 2, Кузманоски. Статус на резерви имаат Арсеновски и Кукуловски.
Оваа ЕХФ недела селекторот ќе ја искористи за подготовки за претстојните квалификациски натпревари против Данска во март и во април со Финска и Швајцарија за пласман на ЕП 2022 во Словачка и Унгарија.
За време на подготовките ќе се одиграат и два контролни тренинг натпревари од затворен карактер против репрезентацијата на Чиле.