Двете битолски екипи, Металург, Вардар 1961, Пролет, Бутел, Охрид и Струга ќе се борат за титулата и местата во Европа, другите тимови ќе разигруваат за опстанок, а Ракометната федерација на Македонија (РФМ) веќе ја закажа ждрепката. В среда напладне ќе биде познат календарот за разигрувањето во сезоната 2020/21/
Паровите ќе бидат извлечени во просториите на РФМ, во среда, со почеток од 12:00 часот. По ждрепката ќе биде познат целосниот „возен ред“ на патот до тронот во македонскиот ракомет.
Учесници во плеј-оф 2020/21:
Вардар
Еурофарм Пелистер
Металург
Охрид
Пролет
Бутел
Еурофарм Пелистер 2
Струга
Осумте екипи кои се дел од плеј-офот во Суперrлигата ќе се борат за титулата, како и за местата кои ќе водат во Европските купови. Првопласираниот ќе ја претставува Македонија во Лигата на шампионите, второпласираниот ќе биде прв претставник во Европската Лига, со право директно да игра во групната фаза. Третопласираниот ќе игра едно квалификациско коло од Европската лига, а четвртопласираниот две квалификациски кола.