Во заостанатиот натпревар од групата Б во Суперлигата составот на Еурофарм Пелистер 2 приреди големо изненадување во Битола и го совлада Металург со 27-26 (13-14).
Металург стигна во првото полувреме водеше со 1-6 и 3-7, но ова не даваше гаранција за успешен резултат бидејќи мораше да се одигра на виско ниво и во продолжение. По 16. минути „металурзите“ имаа и плус шест 4-10. Сепак, домаќините заиграа подобро и до крајот на полувремето успеаја да стигнат на само минус еден (13-14).
Битолчани почнаа подобро во вториот дел, Јован Талевски и Стефан Дрогришки погодија во серија и во 38. минута Еурофарм Пелистер 2 израмни на 19-19. Помотивираниот домашен тим ја комплетираше серија од 5-1 и при 22-20, Оливер Димитриески повика минута одмор во 44. минута. Следеше игра гол за гол и со минимална предност домаќинот влезе во последните десет минути во натпреварот. Дрогришки погоди во последниот напад за 27-26, а Металург се обиде да израмни со цепелин, но битолската одбрана го прочита и за првпат тимот од Автокоманда загуби сезонава.
Стефан Талевски и Стефан Дрогришки со по седум гола беа најефикасни во победничкиот табор, додека кај поразените Златко Хорват постигна осум гола.