Еурофарм Пелистер на 21 декември започнува со натпревари во регионалната СЕХА Гаспром лига за сезоната 2020/21.
По дефинираните термини на првите два натпревари, Еурофарм Пелистер следниот понеделник, на 21 декември во 17:45 часот, во спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе го пречека српскиот претставник Металопластика. Дуелот меѓу македонскиот тим и поранешниот европски првак е почеток на групната фаза и единствен натпревар на клубот кој ќе се одигра до крајот на 2020 година. Делегирани се црногорските судии Митровиќ и Вешовиќ за делење на правдата на натпреварот, а делегат ќе биде Марјан Начевски.
Претходно на 17 декември е планирано одигрувањето на првата средба од новата сезона меѓу Нексе и Војводина која ќе се игра во Нашице со почеток во 17:00 часот.