Селекторот на хрватската ракометна репрезентација Лино Червар го објави списокот на ракометари на кои ќе смета во првата фаза од подготовките за претстојното Светско првенство во Египет. На листата на резерви се најде и ракометарот на Еурофарм Пелистер Стипе Мандалиниќ.
Првата фаза треба да почне во Пореч на 26 декември и ќе трае до 30 декември. Планирано е заминување за Египет на 12 јанаури, а на 5 и 9 јануари, Хрватска ќе ги игра двете средби против Шпанија од Евро Купот.