Еурофарм Пелистер ја оствари првата победа во новата сезона на Лига Европа, откако на свој терен со убедливи 33-26 го совлада словенечкиот претставник Тримо Требње.
Сезонава Благојче Трајковски има резервирано место во ТОП 5 одбрани оваа сезона, откако и во ова коло се најде меѓу најдобрите. Неговата фудбаска парада, по обидот на Томиќ, е за восхит и за место меѓу најдобрите.
Лига Европа продолжува напролет, а битолчани треба да одиграат уште пет натпревари во групата Д.