Победата над словенечкиот претставник Тримо Требње со 33-26 (20-14) донесе славеничка клима во соблекувалната на Еурофарм Пелистер. На средбата со новинарите од свој агол натпреварот го анализираше младиот Хрват, Матео Мараш.
„Честитки за борбената игра на Тримо Требње. Ние покажавме дека можеме да се вратиме по поразот во Словенија и да играме на високо ниво и против секого. Уште на стартот го сопревме нивното најсилно оружје, брзата транзиција. Бевме дисциплинирани и во нападот и во одбраната, направивме предност уште на стартот, честитки до момците”, изјави Матео Мараш.
Ова е последна средба за Еурофарм Пелистер во 2020 година, во Европската лига. Веројатно во првиот слободен термин следната година, ќе го одиграат заостанатиот дуел, од првото коло, против Татабања во Битола.