Со перфектна дефанзивна партија, Марин Вегар беше еден од најзаслужните зе победата на Еурофарм Пелистер против Тримо Требње со 33-26 (20-14), во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Сите домашни ракометари не го криеја задоволството по победата и најавуваат плодна пролет
Босанскиот интернационалец Марин Вегар по натпреварот изјави:
„Имавме притисок, но вечерва ние моравме да победиме. Само на тоа одевме. Им честитам на ракометарите на Тримо Требње за одличниот натпревар, многу се незгодни, ниски се и постојано во ритам на натпреварот. Меѓутоа, ние заслужено победивме и сега се вративме на позитивен пат. Штета само што баш сега ни доаѓа пауза. Честитки и за нашата екипа, имаше борба и желба цел натпревар и не можеше да заврши поинаку".
За пелистерци овој натпревар беше нивни петти овосезонски во Европската лига, а ја извојуваа првата победа, по трите гостински порази и ремито со Кадетен Шафхаузен.