Ракометарите на Еурофарм Пелистер победија со 33-26 против словенечкиот Тримо Требње и му се одмаздија за поразот минатата недела. Асистентот на тренерот Жељко Бабиќ, Божидар Мојсов, вели дека оваа победа била повеќе од потребна за да ја вратат довербата од сите.
„Честитки до Тримо Требње за борбеноста. Ние се боревме сами со себе, успеавме да дојдеме до победа, која ни беше важна за враќање на самодовербата, за враќање на вербата кај сите кои не подржуваа. Честитки до момците за перфектната играта, за борбеноста. Имавме и проблеми сами со себе, па затоа сметам дека овој успех ни е добредојден за да ја вратиме самодовербата. Исто така сакам да им честитам на сите играчи за посветената и борбената игра и за крај сакам да му го честитам 20-от роденден на нашиот главен спонзор Еурофарм и заедно да славиме уште многу победи“, изјави помошникот на Бабиќ, Божидар Мојсов.
Следните пет натпревари од групата Еурофарм Пелистер ќе ги одигра напролет.