b_640_480_16777215_00_images_vesti_2026_10_pel-mla-106.jpg

Еурофарм Пелистер го пречека тимот на Младост и го совлада со 36-21, победата ја најави уште во првите триесет минути, по кои имаше плус десет и во кои гостите постигнаа само шест погодоци. Имаше домаќинот контрола на резултатот во текот на целата средба, а дека пелистерци ќе дојдат до сигурна победа беше јасно уште по првиот дел, кога резултатот гласеше 16-6.

Кузмановски со седум голови беше најефикасен во редовите на победничката екипа, која веќе во следното коло ќе го игра големото дерби со Вардар на гостински терен.

Ракомет

Суперлига 2026/27

Осмо коло

Еурофарм Пелистер - Младост 36-21 (16-6)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола

Гледачи: 400

Судии: Дејан и Димитар Ѓорѓиевски

Еурофарм Пелистер:

Митревски, Брестовац, Белистојановски 1, Басанесе, Ристевски 2, Серафимов 5, Кузманоски 6, Граховац, Хенигман 4, Кузмановски 7, Пет. Атанасијевиќ 5, Пешевски, Хакбарт, Колаковиќ 1, Пав. Атанасијевиќ 2, Нтанзи 3

Седмерци: 3/2

Исклучувања: /

Младост:

Паунов, Паунков, Иванов, Атанасов 2, Јанковски 1, Иванџиков 1, Каркалашов 1, Младеновски, Пеиќ 3, Гогов 1, Ѓуриќ 1, Бојаниќ 8, Мајдуб 3, Пеев, Илиќ

Седмерци: 2/2

Исклучувања: 2 минути

Во следното деветто коло Еурофарм Пелистер гостува кај Вардар 1961 во Скопје.

sponzori 2026 2027

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723