Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров го објави списокот на играчи на кои ќе смета за првите два натпревари од квалификациите за пласман на Европското првенство.
Во ноемврискиот „прозорец“ ќе го пречекаме Луксембург и ќе и гостуваме на Грција, предизвици за кои Лазаров смета на 18 ракометари. На списокот се повикани шест ракометари на Еурофарм Пелистер: Филип Кузмановски (капитен), Петар Атанасијевиќ, Серафимов, Ристевски, На листата на резерви се Никола Митревски и Павле Атанасијевиќ.
Првиот собир е закажан за 1 ноември во 14:30 часот во хотелот „Александар Палас” во Скопје.






