b_640_480_16777215_00_images_vesti_2026_10_868034710_1165581025839214_8089551823067572288_n.jpg

Младиот тим на Еурофарм Пелистер 2 немаше илузии дека може да го изненади Охрид на гостински терен. Така момците на Бранислав Ангеловски го претрпеа најубедливиот пораз сезонава и загубија во „Билјанини извори“ со 35-19.

Домашниот тим уште во првото полувреме покажа дека е решен да ги освои бодовите. Охриѓани постигнаа дури 21 гол, додека гостите имаа големи проблеми во нападот и на паузата заминаа со само девет погодоци.

Во продолжението Охрид не го намали темпото, туку продолжи да ја зголемува предноста. Охрид целосно го контролираше натпреварот и на крајот стигна до убедлив триумф од 35-19.

Најефикасни во редовите на победничкиот тим беа Адама Кеита и Никола Зечевиќ со по шест погодоци. Кај Еурофарм Пелистер 2, Кристијан Симоновски исто така постигна шест гола.

Ракомет

Суперлига 2026/27

Осмо коло

Охрид - Еурофарм Пелистер 2 35-19 (21-9)

Спортска сала „Билјанини извори“ - Охрид

Гледачи: 300

Судии: Методија и Михајло Илиевски (Битола)

Охрид:

Славиќ, Блажески, Стрмљен. Ојлески 1, Јагуриновски 1, Јошида 5, Иванковиќ, Кеита 6, Карапелевски 1, Тасески 2, Савревски 1, Мате 5, Зечевиќ 6, Ивановски 2, Ѓукиќ 2, Ќосевски 3

Седмерци: 5/2

Исклучувања: 8 минути

Еурофарм Пелистер 2:

Трајков, Младенов, Димевски 1, Лозановски 1, Стојков, Митревски 2, Гутиќ 3, Шулевски 2, Илиески 1, Дамчевски 2, Симоновски 1, Славков, Крстевски, Дрогришки, Ѓорѓиевски, Симоновски 6

Седмерци: 4/2

Исклучувања: 12 минути

Во следното деветто коло Еурпфарм Пелистер 2 ќе го пречека тимот на Струга.

sponzori 2026 2027

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723