Во просториите на Ракометната федерација на Македонија утрово беа извлечени редните броеви на екипите што ќе играат во плеј-офот и плеј-аутот во продолжението од домашната Суперлига во машка конкуренција.
Продолжението се игра според бергеровиот систем, а големото дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе следува во второто и во шестото коло.
Плеј-офот стартува на 28 февруари.
Во рамките на премиерното коло ќе имаме реприза на саботното дерби во Автокоманда меѓу Алкалоид и Вардар.
Суперлига
Плеј-оф
Прво коло:
Тиквеш – Еурофарм Пелистер
Бутел Скопје – Охрид
Алкалоид – Вардар






