Селекторот Кирил Лазаров ги отстрани сите дилеми и официјално го објави списокот на ракометари на кои ќе смета за претстојното Европско првенство. По завршувањето на базичните подготовки, македонската експедиција се подготвува за лет кон Швајцарија, каде преку силни контролни мечеви ќе се бруси формата за големата сцена. Селекторот ќе води деветнаесет имиња на Европското првенство, меѓу нив се и шестмината ракометари на Еурофарм Пелистер повикани на поширокиот списоко - Филип Кузмановски (капитен), Никола Митревски, Жарко Пешевски, Самоил Ристевски и браќата Павле и Петар Атанасијевиќ.
Ова е конечниот список на ракометари кои ќе ја претставуваат Македонија на претстојното Европско ракометно првенство.
Иван Галевски
Петар Атанасијевиќ
Никола Костески
Филип Кузмановски
Игор Ѓорѓиев
Жарко Пешевски
Михаил Аларов
Мартин Велковски
Самоил Ристевски
Никола Митревски
Мартин Томовски
Иван Џонов
Ненад Костески
Марко Митев
Павле Атанасијевиќ
Марко Стојковиќ
Никола Марковски
Мартин Серафимов
Дамјан Митев
Македонската машка ракометна репрентација во раните утрински часови ќе отпатува во Швајцарија, каде финалното темпирање на формата ќе го има на пријателските натпревари во рамки на ,,Жолтиот Куп”.






