b_640_480_16777215_00_images_vesti_2025_11_574563409_1410728187727758_2294229936352370071_n.jpg

Ракометната федерација на Македонија вечерва на гала вечера организирана во хотелот Хилтон во Скопје ги избра најдобрите за сезоната 2024/2025 година. За најдобар македонски ракометар е избран Филип Кузмановски од Еурофарм Пелистер, додека признанието за најдобар во изборот на социјалните мрежи му припадна на неговиот клупски другар, Никола Митревски.

Признанија за најдобрите за сезоната 2024/25:

Најдобар ракометар и ракометарка: Филип Кузмановски и Катерина Дамјаноска

Најдобар тренер во машка и женска конкуренција: Кирил Лазаров и Симе Симовски

Најдобар млад ракометар и ракометарка: Димитар Узунчев и Марија Јанкуловска

Најдобри странци: Дмитро Хориха и Ана Вранчиќ

Најдобри стрелци: Давид Димевски и Марија Анчева

Најдобар ракометар и ракометарка (социјални мрежи): Никола Митревски и Теодора Гулицоска

Најдобри судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов

sponzori 20252026.jpg2

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723