b_640_480_16777215_00_images_vesti_2025_10_123156456.jpg

Во натпревар со многу голови и подобри напади од одбрани, Еурофарм Пелистер 2 загуби на гостувањето кај петтопласираната екипа минатата сезона, Бутел Скопје. Дуелот во салата „Антон Димитров“ заврши со победа на момците на Кузманоски со 36-29.

Домашниот состав беше во подобар налет во првото полувреме и покажа дека е расположен за освојување на бодовите, а тоа се потврди и со солидната залиха на паузата (20-15). Стартот на вториот дел донесе малку поангажиран пристап на пелистерци, но Бутел потоа повторно ја презеде иницијативата и постојано беше во позитива од пет до шест голови. Последните десет минути започнаа со резултат (30-24), а на крајот Бутелчани славеа со конечни 36-29.

Голема улога во третиот пораз сезонава на Еурофарм Пелистер 2 играше и неиграњето на десниот бек Баптист Одифрам. Николов кај домаќините и Мохамед Азис Бен Махмуд кај гостите со по единаесет гола беа најефикасни актери на натпреварот.

Ракомет
Суперлига 2025/26
Петто коло

Бутел Скопје - Еурофарм Пелистер 2 36-29 (20-15)

Спортска сала „Антон Димитров“ - Бутел, Скопје
Гледачи: 500
Судии: Дејан и Димитар Георгиевски

Бутел Скопје:
Стојановски, Трајкоски 2, Трсунов, Субашески 8, Тодески, Георгиевски 2, Николов 11, Новаковски, Спасовски 3, Т. Узунчев 2, Д. Узунчев, Киселовски 2, Николовски, Михајловиќ 5, Козакаи 1
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 6 минути

Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, М. Фехми, Младенов, Маркоски 5, Гичев, Даневски 1, Митревски 3, Шулевски 1, Лазаревски, А.Фехми, Димитровски 1, Славков 2, Белистојановски 4, Дрогришки 1, Мохамед Азис 11
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 10 минути

Во следното шесто коло Еурофарм Пелистер 2 в сабота ќе го пречека Тиквеш.

sponzori 20252026.jpg2

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723