Еурофарм Пелистер реши да го назначи Раул Алонсо за нов тренер на првиот тим, а шпанскиот стручњак денес за првпат се запозна со своите нови ракометари, кои имаше можност и да ги гледа од трибините. Македонскиот првак не покажа нималку милост кон соседниот ривал Прилеп, нанесувајќи му тежок пораз од 46-24.
Резултатот најдобро ја изразува големата разлика во квалитет која постои меѓу двата тима, а тоа особено дојде во израз во вториот дел. Домашниот даде 23, а прими само 8 гола во вториот дел, што беше и пресудно за огромната разлика на семафорот.
За Еурофарм Пелистер ова е деветта победа во единаесеттиот натпревар во Суперлигата, каде досега забележа и по еден пораз од Вардар и Алкалоид.
Ракомет
Суперлига 2024/25
11. коло
Еурофарм Пелистер - Прилеп 46-24 (24-16)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 1.000
Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски
Еурофарм Пелистер:
Митревски, Ивиќ, Манасков 3, Кузманоски 2, Цехте 3, Тајник 5, Борзаш 3, Радивојевиќ 4, Кузмановски 6, Абутовиќ, Ѓорговски 1, Пет. Атанасијевиќ 4, Пешевски 4, Хосни 5, Пав, Атанасијевиќ 4, Мамдух 2
Седмерци: 2/2
Исклучувања: -
Прилеп:
И. Ангелески, М. Ангелески, Тренчевски 1, Кастратовиќ 3, Јеремиќ 2, Бикоски 1, Крстески, Илиески 6, Органџиев 1, Бурчески, Цветаноски 6, Христоски, Имнадѕе 1, Квастек 1, Трајкоски 2, Трајчевски
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 2 минути