Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер за кратко време одигра два натпревари, па така откако вчера загуби од Веспрем во Лигата на шампионите вечерва лесно се справи со Радовиш во Суперлигата. Актуелниот првак немаше никакви проблеми против „фенерџијата“ во домашниот шампионат и славеше со 45-23. „Зелено-белите“ доминираа во двата „периоди“, првиот го решија со 21-11, вториот со 24-12.
Прв стрелец беше крилото Цветан Кузманоски со осум реализации, а Трајанов за поразениот тим даде шест голови.
Ракомет
Суперлига 2024/25
Деветто коло
Еурофарм Пелистер - Радовиш 45-23 (21-11)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 300
Судии: Глигор и Спаско Ќаеви
Црвен картон: Павле Петровиќ (Еурофарм Пелистер)
Еурофарм Пелистер:
Митревски, Печурица, Ивиќ 1, Манасков, Цехте 5, Ристевски 2, Кузманоски 9, Тајник, Борзаш 4, Ѓорговски 5, Петровиќ 8, Пет. Атанасијевиќ 5, Пешевски, Цикатиќ 5, Хаџиќ 1, Пав. Атанасијевиќ
Седмерци: /
Исклучувања: 4 минути
Радовиш:
Костадиновски, Ристов, Петров 3, Ј. Ѓорѓиев 1, Постолов, Марковиќ 1, Јанковски 3, Соколов, К. Ѓорѓиев, Талевски 5, Трајанов 6, Ончев 3, Костадинов 1
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 2 минути
Во следното десетто коло Еурофарм Пелистер гостува кај Бутел Скопје.