РК Еурофарм Пелистер 2 доведе уште едно искусно име за натпреварите во Првата лига, во сезоната 2024/25. 29-годишниот поранешен репрезентативец Стефан Дрогришки е нов член на Еурофарм Пелистер 2, откако денес стави потпис на двегодишен договор со својот матичен клуб.
Дрогришки доаѓа од Охрид, а во својата кариера настапуваше за Металург, Тиквеш, Охрид...
Официјалното претставување на Дрогришки е предвидено за почетокот на подготовките на Еурофарм Пелистер 2 на крајот од месец јули.