b_640_480_16777215_00_images_vesti_2024_05_up_kup.jpg

Почитувани љубители на ракометот и спортот

Би сакале уште еднаш да го изразиме нашето огромно незадоволство и резигнираност од крајно нерегуларната одлука донесена од страна на Ракометната Федерација на Македонија на безкруполозен начин и надвор од сите правилници и позитивни спортски натпреварувачки практики да се променат претходно извлечените и утврдени термини за одигрување на завршните куп натпревари. Како што напоменавме и претходно, ваквата практика е непозната за ниту едно натпреварување и во ниту една друга земја.

Во изминатиот период, од нашите првични реакции после донесување на одлуката па се до вчера, се обидовме да разговараме и влијаеме на РФМ да ја поништат оваа срамна одлука со која се крши „Правилникот за одигрување на Куп натпреварите“, и со која се нанесува огромна штета на ракометот и спортот воопшто. Во време на одигрување на двата бараж натпревари со репрезентацијата со Фарски Острови оставивме се на страна во интерес на мирот на нашата репрезентација. Но за жал, некој тоа го искористи за релативизирање на штетната одлука и да продолжи да ги реализира обврските кон повластениот клуб кои очигледно се многу поголеми споредбено со спортските интереси за заедницата и овозможувањето на фер плеј натпреварување.

Жалосно е ова што се случува и уште пожалосно е што се наметнува негативно и арогантно однесување кое нема никаква врска со спортот и фер плеј однесувањето. Бидејќи претходно ги исцрпивме сите можности кои ни се на располагање во нашата држава за да влијаеме на поништувањето на оваа срамна одлука, сега единствено ни преостанува да ги информираме меѓународните ракометни институции за случувањата кај нас. Се надеваме дека на тој начин барем малку ќе придонесеме одлуките да се носат согласно позитивните законски регулативи и во соработка и дијалог со сите засегнати страни а не со непосредни договори преку телефон помеѓу ограничен број на „засегнати страни“.

На крај ги замолуваме сите искрени љубители на ракометот и спортот оваа наша „борба“ да ја разберат исклучиво како „борба“ за правда, почитување на законските одредби и оневозможувањето на поединци да се однесуваат со ракометниот спорт како приватна своина. И една порака за „добронамерниците“, на РК Еурофарм Пелистер ниту некогаш му требало ниту некогаш ќе му треба некаков вид на алиби. Ние сме посветени на спортскиот фер плеј пристап и на наша основна насока по која се водиме е насоката дека спортот и подобриот на теренот секогаш треба да победи.

ВЕРУВАЈТЕ И ВО ОВОЈ СЛУЧАЈ СПОРТОТ ЌЕ ПОБЕДИ, иако некој сака на тоа да влијае.

sponzori 2023 2024 noemvri

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723