Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер направи голем исчекор кон одбрана на титулата во домашното првенство, откако денеска мина триумфално во Автокоманда кај тимот на Алкалоид. Седмото коло во плеј-офот донесе голема пресметка меѓу два посебно разиграни тимови во домашното првенство, но иако се очекуваше тврд и неизвесен натпревар, на крајот видовме голема победа на гостите изразена со десет голови разлика.
Битолчани доминираа во текот на целиот натпревар и во ниту еден момент на противникот не му дадоа надеж дека може да направи изненадување и на крајот сосема заслужено стигнаа до убедлив триумф.
Нејц Цехте беше најдобар поединец на мечот и беше буквално незадржлив за домашната одбрана, постигнувајќи дури дванаесет гола во мрежата на Алкалоид. Радивојевиќ беше втор со шест гола, а исто толку постигна и Митев од редовите на Алкалоид.
Ракомет
Суперлига
Плеј-оф
Седмо коло:
Алкалоид - Еурофарм Пелистер 25-35 (12-16)
Спортска сала: „Автокоманда“ - Скопје
Гледачи: 1000
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов
Алкалоид:
Галевски 1, Трајкоски, Џонов 3, Петров 1, Маркоски, Младеновиќ 2, Серафимов 5, Карасманакис 2, М. Митев 1, Ѓоргиев, Велковски 4, Бинго, Кофиловски, Д. Митев 6, Савревски, Димовски
Седмерци: 7/6
Исклучувања: 6 минути
Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Гедбане, Манасков 3, Цехте 12, Кузманоски, Тајник 3, Борзаш 3, Танкоски, Радивојевиќ 6, Кузмановски 4, Петровиќ, Пе. Атанасијевиќ, Ѓорговски, Васиљев, Пешевски 4, Па. Атанасијевиќ
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 12 минути
Во следното осмо коло Еурофарм Пелистер во вторник гостува кај Вардар 1961 во Скопје.