Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер загуби на гостувањето кај европскиот вицепрвак Киелце со 35-25.
Тренерот Бранко Ангеловски имаше на располагање само четиринаесет ракометари, откако во последен момент остана без бекот Каспер Кисум и пивотот Денис Василев. Кисум не беше во ростерот поради болест, а полските власти не дозволија влез на рускиот интернационалец Василев поради „закана за јавната безбедност“.
„Киелце одигра перфектно. Некои играчи беа на највисоко ниво. Против таков противник невозможно е да се победи. Сепак, верувам дека нашиот отпор ќе беше подобар ако бевме комплетни и имав можност на Кисум и Васиљев“. заврши тренерот на пелистерци.
Следниот четврток од 18:45 часот Еурофарм Пелистер ќе го одигра последниот натпревар во Лигата на шампионите оваа година, а противник ќе биде хрватскиот првак Загреб.