Machineseeker Group (Групацијата Машинсикер) уште еднаш ги обезбеди правата за именување на EHF Champions League (EHF Лигата на шампиони) во сезоната 2023/24. Посветеноста на германската технолошката компанија, опслужувач на водечките онлајн пазари за половни машини и комерцијални возила во Европа, со ова влегува во втората рунда.
Врвната европска ракометна лига ќе продолжи да се вика Machineseeker EHF Champions League (Машинсикер EHF Лига на шампиони). Најважниот дел од претстојната сезона, финалниот турнир во Келн ќе го добие името TruckScout24 EHF FINAL4 2024 (ТракСкаут24 EHF FINAL4 2024), и ќе го насочи вниманието на еден од најуспешните пазари на Machineseeker Group (Групацијата Машинсикер). Покрај именувањето, Machineseeker (Машинсикер) ќе се претстави на сите 132 натпревари со целосно поставување во спортските сали (подни налепници и периметарски реклами на LED екрани) и во печатените и дигитални програми.
“The Machineseeker EHF Champions League (Машинсикер EHF Лигата на шампиони) ги претставува најдобрите од најдобрите во европскиот ракомет и совршено одговара со нашиот профил на лидер на водечките пазари низ цела Европа. Се радуваме на влегувањето во втората сезона како главен партнер на ова првокласно натпреварување и на постигнувањето ефективна и моќна видливост со брендовите Machineseeker и TruckScout24 (Машинсикер и ТракСкаут24)”, вели Sven Schmidt (Свен Шмит), извршен директор на Machineseeker Group (Групацијата Машинсикер).
David Szlezak (Дејвид Шлезак), генерален директор на EHF Marketing , додава: „Продолжувањето на спонзорството следува по моќната изведба на натпреварувањето во сезоната 2022/23, како резултат на одличната соработка со Machineseeker (Машинсикер). Од многуте иновативни промоции на TruckScout24 EHF FINAL4 (ТракСкаут24 EHF FINAL4) презентацијата на официјалните ракометни топки беше мојот омилен дел. Со нетрпение очекуваме да го подигнеме натпреварувањето на следното ниво заедно со Machineseeker (Машинсикер) во следната сезона.“
Machineseeker (Машинсикер) и TruckScout24 (ТракСкаут24) континуирано се вклучени како спонзори на високопрофилни настани во ракометот како 2021 World Handball Championship (Светското првенство во ракомет 2021). Покрај тоа, групацијата е официјален партнер на германскиот тим на Олимписките игри веќе неколку години и има поддржувано многу фудбалски клубови во German 2nd Bundesliga (втората германска Бундеслига).