Селекторот на младата македонска репрезентација, Раде Стојановиќ, го објави списокот на повикани ракометари за активностите за време на ЕХФ-неделата. Младинската ракометна репрезентација од денес се подготвува за двата пријателски натпревари кои нашите надежи ќе ги одиграат со соодветната селекција на Турција.
Од тимот на Еурофарм Пелистер 2 за овој двомеч повикани се Мирче Калајџиески, Самоил Ристевски и Ненад Белистојаноски.