Еурофарм Пелистер ја продолжи серијата победи во Суперлигата и славеше на гостувањето против Мулти Есенс со 26-36. Шампионот слично како и на првиот дуел со истиот ривал, не виде мака да стигне до бодовите против новиот суперлигаш, а тренерот Ангеловски имаше можност да им даде шанса и на оние ракометари кои немаат преголема минтуажа во Лигата на шампионите. Слободен викенд добива Лесјак, Васиљев, Кисум, Радивојевиќ, Сери...
Најефикасен во победничкиот состав беше Павле Петровиќ, кој одигра брилијантна партија и постигна единаесет голови, а зад него следеше Ненад Костески со уште шест погодоци. Кај Мулти Есенс најмногу се истакнаа Узунчев, Димевски и Карасманакис, кои постигнаа по пет голови.
Ракомет
Суперлига 2023/24
Група Б – деветто коло
Мулти Есенс – Еурофарм Пелистер 26-36 (13-17)
Спортска сала „Автокоманда“ - Скопје
Гледачи: 300
Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески
Мулти Есенс:
Ерманоски, Димовски 5, Костовски, Илиески 3, Петковски, Д. Узунчев 2, Трајчев, Дар. Омерагиќ 2, Иваноски, Василевски, Тодески, Т. Узунчев 5, Димовски 4, Јорданов, Карасманакис 5
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 8 минути
Еурофарм Пелистер:
Гедбан, Кизиќ. Цехте 2, Кузманоски 2, Тајник, Борзаш, Танкоски 2, Костески 6, Нилсен 2, Дејвис, Петровиќ 11, Пет. Атанасијевиќ 1, Ѓорговски 3, Пешевски 2, Пав. Атанасијевиќ 4, Стевановиќ 1
Седмерци:4/3
Исклучувања: 8 минути
Следи двонеделна пауза заради репрезентативните обрвски во ЕХФ-неделата, а потоа следат уште пет кола до крајот на регуларниот дел.