Голден Арт – Еурофарм Пелистер 21-38 (10-17)
Македонскиот првак, Еурофарм Пелистер немаше проблеми и оствари победа над Голден Арт од 38-21 во средбата од 3.коло во Суперлигата. Битолчано вчера лесно го надиграа Мулти Есенс, додека пак денеа се справија со Голден Арт во дуел во кој го надиграа ривалот во првото и второто полувреме.
Разликата во квалитет е голема, битолчани се стекнаа со предност од седум гола на полувреме (17-10), позитива која само ја зголемуваат во вторите триесет минути. Ѓорговски со осум гола беше најефикасен кај победникот, Шилегов, пак, даде шест кај поразените.
Ракомет
Суперлига 2023/24
Група Б – трето коло
Голден Арт – Еурофарм Пелистер 21-38 (10-17)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Гледачи: 500
Судии: Мирко Трајковски и Александар Вукашиновски
Голден Арт:
Даскаловски, Спасовски, Трајковски, Ончев 4, Глигоров, Даев 2, Стаменковиќ 2, Шилегов 6, Јанковски, Гошевски 2, Миланов, Лешникоски, Божиновски, Милошески 3, Дрпљанин 2, Гајиќ
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 4 минути
Еурофарм Пелистер:
Гедбан, Кизиќ, Кузманоски 3, Тајник 2, Борзаш 6, Радивојевиќ 2, Костески 1, Васиљев 6, Петровиќ 5, Пет. Атанасијевиќ 2, Ѓорговски 8, Нилсен, Пешевски 1, Сери 2
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 2 минути
Во следното четврто коло Еурофарм Пелистер гостува кај Вардар Неготино следниот викенд.