Тиквеш - Еурофарм Пелистер 2 28-26 (14-10)
Реновираниот тим на Еурофарм Пелистер 2 со пораз ја отвори новата сезона во групата А на Суперлигата, Момците на Михаил Петровски загубија од Тиквеш во „салата „Јасмин“ во Кавадарци со 28-26.
Расположените домаќини тргнаа одлично во мечот и имаа водство од четири гола (12-8) во завршницата од првото полувреме, кое го задржаа до паузата (14-10). Еурофарм Пелистер Пелистер 2 притисна во вториот дел и ја врати неизвесноста откако негативата ја стопи на само еден гол (21-22), но Тиквеш не дозволи изненадување и славеше со 28-26.
Тиквеш - Еурофарм Пелистер 2 28-26 (14-10)
Спортска сала „Јасмин“ - Кавадарци. Гледачи 1.000
Судии: Славе Николов и Ѓорѓи Начевски
Тиквеш:
Гемаљевиќ, Анастасовски, О. Лазов, Мијатовиќ 1, Темлкоски 4, Велков, Соколов, Стефановиќ 3, М. Лазов, Манасков 3, Шулевски 1, Коцев, Симиќ 4, Мајиќ 7, Ани 5
Седмерци: 5/4
Исклучувања: 6 минути
Еурофарм Пелистер 2:
Штакоски, Младенов, Маркоски 3, Талевски, С. Ристевски, Х. Ристевски 3, Мирчевски, Димовски, Трпчевски 3, Димитровски 4, Калајџиовски 2, Ивановски 4, Белистојановски 4, Југовски, Мијушковиќ 3, Хаџиќ
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 4 минути
Во второто коло Еурофарм Пелистер 2 ќе го пречека Скопје 2020 следниот викенд во Битола.