Еурофарм Пелистер - Веспрем 28-35 (14-17)
Еурофарм Пелистер, загуби од Веспрем во полуфиналето на „Купoт на пријателство“ кој се одржува во турскиот град Сакарија. И покрај тоа што битолчани беа рамноправен противник, сепак, на крајот Веспрем победи со 35-28. Јовиќ и Шундовски настапија со комбиниран тим, без Кисум, Сери и Борзаш.
Пелистерци добро парираа, особено во првите дваесет минути, во кои имаa и предност. Меѓутоа до крајот на полвуремето Веспрем се одлепи и имаше три предност на полувреме.
Во вториот дел подобар влез за Унгарците, кои направија разлика, па брзо дојдоа и до шест, па потоа и до седум разлика, кои беа недостижни за битолчани.
Најфеикасен кај Еурофарм Пелистер беше Нејц Цехте со осум гола. Со овој пораз пелистерци ќе разигруваат за третото место на турнирот, а противник ќе им биде Војводина.