Екипата на Еурофарм Пелистер 2 на Михаил Петровски го освои четвртото место на традиционалниот турнир во Прилеп.
Во малото финале на турнирот „Миле Нешкоски“ домашниот тим на Прилеп беше поуспешен од пелагонискиот ривал Еурофарм Пелистер 2. Прилепчани до третата позиција стигнаа со победа од 29-24. Во таборот на пелистерци шест гола запиша крилото на кадетската репрезентација, Ненад Белистојаноски, а еден помалку постигна неговиот репрезентативен колега Мирче Калајџиески.
Претходно во групната фаза Еурофарм Пелистер 2 загуби од Пролет со 22-12, ремизираше со Мулти Есенс со 34-34 и го победи Кокс со 32-28.