Еурофарм Пелистер - Загреб 24-26 (13-16)
Еурофарм Пелистер настапи на силниот интернационален турнир во Добој и изминативе неколку дена одигра четири натпревари, на кои претрпе три порази и забележа само една победа.
Македонскиот шампион отвори со тежок пораз од Ал Ахли, потоа оствари победа над домаќинот Слога, а по вчерашниот неуспех со Монпелје, денеска повторно загуби од ППД Загреб. Во директната битка за петтото место на турнирот, играчите на Еурофарм Пелистер претрпеа тесен пораз од хрватскиот ривал, со кого ќе водат битка и во групната фаза во Лигата на шампионите.
Еурофарм Пелистер - Загреб 24-26 (13-16)
Судии: Дејан Берјан и Горан Илиќ (БиХ)
Гледачи: 1.000
Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Гедбан. Кизиќ, Цехте 2, Кузманоски 8, Тајник 1, Кисум, Борзаш 2, Танкоски 1, Костески 2, Нилсен. Петровиќ 2, Пет. Атанасијевиќ 1, Ѓорговски 1, Пав. Атанасијевиќ, Васиљев 2, Пешевски 2, Стевановиќ
Седмерци: 7/5
Исклучување: 10 минути
Загреб:
Пањтар, Мандиќ 1, Кос 6, Чавар 1, Фаљиќ 2, Кларица 1, Гојун 1, Клис, Бувиниќ, Сиротиќ, Чупиќ 6, Дибиров 5, Моралес 1, Сухолежник 1, Шпрем 1, Целегин
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 6 минути
Пелистерци од утре се во Битола и ќе добијат одмор пред турнирот во Охрид следната недела.