Монпелје - Еурофарм Пелистер 29-26 (12-11)
Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер забележа втор пораз на меѓународниот турнир во Добој. Во последното коло од групната фаза пелистерци беа совладани од Монпелје со 26-29.
Првиот период бепше израмнет, двете екипи се менуваа во водство, а по дваесет минути резултатот беше 8-8. Сепак, францускиот тим на полувреме имаше позитива од еден гол (11-12). Во второто полувреме Монпелје додаде гас, поведе и со девет гола предност, а до крајот Еурофарм Пелистер успеа да спушти на пристојна негатива од три гола (26-29).
Монпелје - Еурофарм Пелистер 29-26 (12-11)
Судии: Дејан Берјан и Горан Илиќ (БиХ)
Гледачи: 600
Монпелје:
Нилс, Карлсон, Симоне 2, Вилмино 5, Бертије 4, Пелас 4, Борзингер, Хешам 4, Фернандез 4, Лен 2, Скубе, Конан, Корне 1, Дубуа, Монте, Порт 2, Десбоне, Начиновиќ 1
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 4 минути
Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Гедбан. Кизиќ, Цехте 5, Кузманоски 3, Тајник 3, Кисум 3, Борзаш 3, Танкоски, Костески 5, Нилсен. Петровиќ, Пет. Атанасијевиќ 1, Ѓорговски, Пав. Атанасијевиќ, Васиљев 1, Пешевски 1, Стевановиќ 1
Седмерци: 5/4
Исклучувања: 4 минути
Во натпреварот за петтото место утре напладне Еурофарм Пелистер ќе се сретне со првакот на Хрватска, Загреб.