Слога Добој - Еурофарм Пелистер 24-39 (12-16)
Македонскиот првак Еурофарм Пелистер настапува на ТВ турнирот на шампионите во Добој еден од најсилните во Европа.
Откако битолчани во првиот натпревар беа надиграни од бранител на трофејот од лани, Ал Ахли, денеска славеа победа. Во ватпревар од второто коло на Б групата, Пелистер убедливо го надигра домаќинот Слога Добој. Пелистерци славеа со 15 гола разлика 39-24.
Слога Добој - Еурофарм Пелистер 24-39 (12-16)
Судии: Недим Арнаутовиќ и Александар Јовиќ (БиХ)
Гледачи: 1.000
Слога Добој:
Богдановиќ, М. Ристиќ, Тодоровиќ 3, Станковиќ 3, Марковиќ 1, Тулендиќ 2, Чулум 2, Џенадија 1, Симиќ, Кулушиќ, Миличевиќ 7, Маричиќ 1, Максимовиќ, Муминовиќ, Шариќ, Д. Ристиќ 4, Лазиќ, Бајовиќ
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 2 минути
Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Гедбан, Кизиќ, Цехте 2, Кузманоски 2, Тајник 2, Кисум, Борзаш 3, Танкоски, Костески 8, Нилсен 1, Петровиќ, Пет. Атанасијевиќ 9, Ѓорговски 2, Васиљев 2, Пешевски 2, Пав. Атанасијевиќ 3, Стевановиќ 3
Седмерци: 4/2
Исклучувања: 2 минути
Во последното трето коло, екипата на Еурофарм Пелистер ќе се судри против францускиот великан Монпелје.