Еурофарм Пелистер - Ал Ахли 23-34 (11-15)
Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер со пораз го стартуваше настапот на најстариот турнир на овие простори „Добој 2024“.
Во првото коло од групната фаза македонскиот шампион беше надигран од египетскиот Ал Ахли со убедливи 34-23. Уште во првото полувреме очигледна беше разликата во квалитет меѓу двата тима, па клубот од Каиро на полувреме замина со позитива од четири гола 15-11. Во вториот дел Египќаните го полнеа голот на нашиот шампион, а на крајот стигнаа до убедлив триумф од 34-23.
Еурофарм Пелистер - Ал Ахли 23-34 (11-15)
Гледачи: 1.000
Судии: Недим Арнаутовиќ и Александар Јовиќ (БиХ)
Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Гедбан, Кизиќ, Цехте 5, Кузманоски 2, Тајник 2, Кисум, Борзаш, Танкоски 2, Костески 4, Нилсен 5, Петровиќ 1, Ѓорговски 1, Васиљев 1, Пешевски 1, Пет. Атанасијевиќ, Пав. Атанасијевиќ, Стевaновиќ
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 10 минути
Ал Ахли:
Шериф, Рамадан, Р. Мохамед 5, Т. Абделтахман 1, И. Абдел Азис 1, М. Абдел Азис 1, А. Абделрахман, Каири 1, Сами 6, Ел Масри, Ласлин 2, М. Мохамед 2, Јасер 2, Хешам 8, Ахмед 3, И. Мохамед, Калед 2
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 4 минути
Во следното коло Пелистер ќе се сретне со Слобода, додека групната фаза ќе ја затвори против Монпелје.