Суперлигашот Еурофарм Пелистер 2 продолжува со екипирање за сезоната 2023/24. Нов член на нашиот клуб е кадетскиот репрезентативец Мирче Калајџиески. Се работи за 19-годишен среден бек, роден во Струга, кој во Еурофарм Пелистер 2 доаѓа од словенечкиот клуб Слован Гросист.
Се работи за момче со огромен простор за напредок, висок 180 сантиметри, а тежок 80 килограми. Со неговото доаѓање продолжува составувањето на компетивен млад тим, кој ќе има што да каже во Суперлига. Мирче Калајџиески потпиша договор на четири години со нашиот клуб“