b_640_480_16777215_00_images_vesti_2023_07_фдсдвф.jpg

Ракометарите на македонскиот првак Еурофарм Пелистер од денеска ги одработуваат подготовките во Маврово. Во следните 12 дена, избраниците на Александар Јовиќ и Звонко Шундовски, ќе работат напорно за да спремни да го дочекаат стартот на новата сезона. По Маврово, подготовките продолжуваат во Битола, пред настапот на двата турнири во Добој и Охрид.

Урош Борзаш
(ракометар на Еурофарм Пелистер)
Стигнав пред два дена и ми се допаѓа градот и како луѓето тука уживаат во убавото време. Слушнав дека Битола го сака ракометот, видов некои натпревари каде навивачите се неверојатни и тоа ми е мотив да заиграм пред нив. Верувам дека добро ќе се претставиме во Лигата на шампионите и ќе ја одбраниме домашната титула.

За мене Лигата на шампионите со Елверум значеше едно големо искуство и сакам да го пренесам тоа на екипата. Сакам да помогнам во било кој сегмент. Би се радувал ако ја поминеме групата и зошто да не победиме некоја поголема екипа. Вие Македонците сте фанатици кога ракометот е во прашање. Во Србија е малку поразлично. Ќе ми биде чест и задоволство да играм пред македонските фанови. Ќе дадам максимум да ги оправдам очекувањата

Нејц Цехте
(ракометар на Еурофарм Пелистер)
Среќен сум што пристигнав во Битола, се надевем дека сè ќе биде во ред и нема да има повреди за време на подготовките. Со Лесјак многу зборував за атмосферата во клубот и градот и ми кажа само убави зборови. Се надевам дека така ќе биде и оваа сезона и ќе успееме да освоиме што повеќе трофеи

Андреас Јохан Нилсен
(ракометар на Еурофарм Пелистер)
Тука сум само еден ден. ми се допаѓа атмосферата, луѓето се гостопримливи и времето е одлично. Едвај чекам да играм пред нашите навивачи. Гледам некои видеа и „лудо“ е да се игра тука. Ова е поинакво искуство од сите претходно. Се надевам дека ќе победиме многу натпревари, а цел е и да го освоиме првенството. Се надевам дека ќе го дадеме најдоброто и на натпреварите од Лигата на шампионите. Што се однесува до моите карактеристики, јас сум висок пивотмен, сакам да се движам многу, да играм одбрана. Сакам различни стилови и да играм во двата правци - одбрана и напад.

Суперлига стартува на 9/10 септември, додека првиот меч во Лигата на шампионите против Колштад ќе се игра на 13/14 септември.

sponzori 2023 2024 noemvri

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723