Шампионот на Македонија за сезоната 2022/23 - РК Еурофарм Пелистер со завршна манифестација во Голд Фелициа во Битола ја одржа последната активност за сезоната 2022/23. На гала церемонија наменета за пријателите на клубот, акционерите и спонзорите и припадниците на седмата сила, беше направена ретроспектива на сезоната. На свеченоста зборуваа претседателот Зоран Стерјев, спортскиот директот Димитар Митревски и претставници на стручниот штаб на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2.
Манифестацијата заврши со шампањ, шампионска песна и фотографија за спомен на незаборавната година.
Со заеднички спомени, многу емоции и свечени подароци Еурофарм Пелистер се раздели со ракометарите кои на крајот од оваа сезона го напуштаат клубот: Гоце Ојлески, Милорад Кукоски, Мартин Велковски, Себастијан Хенеберг, Мохамед Суси, Усама Хосни и Бојан Маџовски.
На истек од договорот Еурофарм Пелистер 2 го напуштаат Мартин Јовановски и Никола Стоилевски.