Еурофарм Пелистер – Тиквеш 35-26 (16-17)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер го кренаа шампионскиот пехар во ракометното првенство на Македонија. По осумнаесет години Битола повторно има шампионски тим. Победата над Тиквеш од 35-26 беше само формално заверување на титулата. Ова за нив е седми шампионски пехар со што го надминаа Металург на вечната листа и избија на второто место.
Најдобар стрелец кај победникот беше Ненад Костески со седум гола, пред Петар Атанасијевиќ со шест гола, додека Усама Хосни стрела пет пати. Кај Тиквеш, Лазар Петровиќ имаше шест, а Кристијан Анастасовски стрела пет пати. Еурофарм Пелистер сезоната ја заврши со 13 победи и еден пораз од Вардар 1961 во плеј-офот.
Славјето од салата „Боро Чурлевски“ се префрли на плоштадот „Магнолија“ во Битола.
Ракомет
Суперлига 2022/23
Плеј-оф (14. коло)
Еурофарм Пелистер – Тиквеш 35-26 (16-17)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 4.000
Судии: Даниело Божиновски и Виктор Начевски
Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиќ, Кузманоски 4, Кисум, Радовиќ, Танкоски 2, Хосни 5, Костески 7, Дејвис, Кукоски 2, Велковски, Петар Атанасијевиќ 6, Пешевски 4, Хенеберг 2, Павле Атанасијевиќ, Стевановиќ 3
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 2 минути
Тиквеш:
Брауновиќ, Стојановски, Анастасовски 5, Постолов 2, Темелковски, Велков, Соколов, Стефановиќ 1, Димовски 1, Кондев 1, Окардов, Шулески 1, Коцев 1, Симиќ 4, Хамзиќ 4, Петровиќ 6
Седмерци: 1/0
Исклучувања: 8 минути
Новата натпреварувачка сезона почнува во септември, а Еурофарм Пелистер ќе ги започне подготовките на средината од месец јули.