Еуфоарм Пелистер и официјално е новиот ракометен првак, откако забележа победа во Охрид со 25-28, а екипата на Вардар 1961 одигра нерешено на гостувањето во Кавадарци (32-32). Со тоа битолчани се стекнаа со недостижна предност пред „црвено-црните“ на едно коло до крајот на плеј-офот Суперлигата.
Најдобар стрелец кај пелистерци во Охрид беше Цветан Кузманоски со девет гола, пред Жарко Пешевски со шест реализации, додека Дарко Стевановиќ заврши со пет гола.
Охрид – Еурофарм Пелистер 25-28 (11-14)
Ракомет
Суперлига 2022/23
Плеј-оф – 13. коло
Охрид – Еурофарм Пелистер 25-28 (11-14)
Спортска сала „Билјанини извори“ – Охрид
Гледачи: 1.500
Судии: Дејан и Димитар Георгиевски
Охрид:
Миленковиќ, Д. Андоноски, Рустамов 3, Дрогришки 5, Ѕинѕадѕе, К. Андоноски 1, Василевски, Тасевски 3, Вјештица 3, Шешиќ 3, Каракоч, Бојаниќ 3, Цицар 4
Седмерци: 5/4
Исклучувања: 6 минути
Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиќ, Ојлески, Кузманоски 9, Кисум, Радовиќ, Танкоски 1, Хосни 1, Костески 3, Дејвис, Кукоски, Велковски, Пешевски 6, Хенеберг, Павле Атанасијевиќ 3, Стевановиќ 5
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 6 минути
Во последното 14. коло Еурофарм Пелистер следниот викенд ќе го пречека Тиквеш и по завршувањето на тој натпревар ќе го добие шампионскиот пехар.