Алкалоид – Еурофарм Пелистер 2 29-27 (16-14)
Средбата беше резултатски израмнета во поголемиот дел, предноста на Алкалоид по првото полувреме изнесуваше два гола разлика (16-14), а по израмнетиот старт на второто полувреме, скопскиот тим влезе во подобар ритам и по нерешените 18-18 со серија од 5-0 дојде до водство од 23-18 што практично значеше и победа.
Водеше домаќинот и со 28-22, пред Еурофарм Пелистер 2, во самиот финиш, да ја намали разликата, но без реална опасност за нашата победа. Најефикасениот играч на натпреварот дојде од гостинскиот табор, бидејќи Павле Петровиќ финишира со осум погодоци.
Ракомет
Суперлига 2022/23
Плеј-оф – 13. коло
Алкалоид – Еурофарм Пелистер 2 29-27 (16-14)
Спортска сала „Автокоманда“ - Скопје
Гледачи: 500
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов
Алкалоид:
Галевски 1, Цветковски, Џонов 4, Маркоски 1, Стојков 3, Младеновиќ 1, Серафимов 3, Илиески 3, Стојковиќ 2, М. Митев 3, Ѓорѓиев, Симоноски 3, Омерагиќ, Тодески, Д. Митев, Савревски 5
Седмерци: 8/4
Исклучувања: 10 минути
Еурофарм Пелистер 2:
Ангелски, Јовановски, Мулиќ, Х. Митревски 1, Димовски, Печурица, Димитровски 4, Талевски 4, Петровиќ 8, Ѓорговски 4, Ивановски 2, Буторац, Белистојановски 4, Ристовски
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 6 минути
Во последното 14. коло Еурофарм Пелистер на домашен терен ќе го пречека Пролет.