Еурофарм Пелистер – Пролет 28-21 (17-10)
Еурофарм Пелистер се пласира во своето 14. финале во македонскиот ракометен Куп, откако денеска славеше со 28-21 против Пролет. Ракометарите на битолскиот тим имаа водство од самиот почеток, па како минуваше времето така разликата меѓу тимовите се зголемуваше до 17-10 на паузата.
На почетокот од вториот дел Јовиќ и Шундовски ги внесоа Пешевски, Радовиќ, Петар Атанасијевиќ и Стевановиќ, но темпото и предноста се одржуваше. На половина од вториот дел предноста достигна највисоки +9 (23-14).
Без многу напор вицешампионот го приведе натпреварот кон крај и извојува победа од 28-21.
Ракомет
Куп на Македонија
Полуфинале
Еурофарм Пелистер – Пролет 28-21 (17-10)
Спортска сала „Билјанини извори“ - Охрид
Гледачи: 300
Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски
Еурофарм Пелистер:
Кизиќ, Ристевски, Кузманоски 7, Кисум, Радовиќ, Танкоски 1, Хосни, Костески 5, Кукоски 1, Велковски 3, Петар Атанасијевиќ 2, Васиљев 1, Пешевски 2, Хенеберг, Павле Атанасијевиќ 4, Стевановиќ 2
Седмерци: 5/4
Исклучувања: 6 минути
Пролет:
Михаљевиќ, Петковски, Василевски 4, Пецаковски 2, Јовановски, Крстески, Додевски, Димов 2, Андоновски 2, Мајнов, Димовски, Јанчев, Стојановски, Фичорски, Палевски 6, Спасовски 5
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 4 минути
Финалниот натпревар се игра в сабота од 18:00 часот.